Котлиња и топлински пумпи

Воздух-вода топлинска пумпа Emmeti Mirai

Воздух-вода топлинска пумпа Emmeti Mirai во сплит изведба за ладење и греење на резиденцијални објекти. Компактна големина ,комплетирана со експанзионен сад, циркулациона пумпа и регулатори на температурата.Составена од 2 дела (надворешна и внатрешна единица) меѓусебно поврзани со цевки за климатизација исполнети со флуидот R410A .

Се поврзува со вентилконвектори (за ладење и греење), површински системи за греење и ладење (подно и зидно), како и нискотемпературни радијатори. Максималната излезна температура изнесува 55%.

Номинални капацитети од 7,67 – 22 06 KW за режим на греење.

Технички карактеристики на страната на Emmeti.


Котел на струја

Котел на струја од Полскиот производител Kospel (www.kospel.pl) во моноблок изведба во повеќе големини (12, 18,24 ,36 KW)

Карактеристики:

  • Панелна контрола – електронската контролна табла овозможува регулирање на излезната температура (20 – 85 C°) како и безшумна и безгрешна работа
  • Сигурносен ограничувач на температурата – ја крати струјата при квар, и ги штити внатрешните делови и кутијата од високи температури
  • Диференцијален вентил за намалување на притисокот (Bypass) овозможува минимален дозволен проток и намалување на буката при затворање на термостатскиот вентил
  • Магнетен филтер F-MAG 3/4"– специјалната изведба овозможуваат двојни филтрирање :механичко и магнетно .Магнетниот филтер ги штити мерните елементи на бојлерот (сензорот за проток) од феромагнетни молекули кои се појавуваат од корозија во грејни инсталации
  • Експанзионен сад (капацитет 6 литри)
  • Циркулациона пумпа
  • Сигурносен вентил - 0,3MPa
  • Автоматко лонче
  • Сензор за притисок

Идеален за згради со сопствен систем за греење. Може да се комбинира со радијатори и подно греење.