Цевки и фитинзи

Цевна мрежа

Кога се работи за цевна мрежа во соларниот систем (до големина DN32) користиме исклучиво иноксни флексибилни цевки со соодветни press спојки. На овој начин можноста за протекување се анулира и дава можност за поставување цевки во внатрешноста на зидот а монтажата е брза и лесна и пред се чиста (без заварување или лепење) Дополнително фарбање на цевките не е потребно. Спојувањето се врши со соодветен алат.

Големини: DN12, DN16, DN20, DN25, DN32.


Фиксни цревни мрежи

Кога се работи за фиксни цревни мрежи (котлари, подстаници, големи соларни системи) нашиот избор падна на Racmet steelpress цевките и фитинзите. Достојна замена за бакарните цевки (нема лемење) и црните цевки (нема заварување) а при тоа наменети дури и за највисоките температури на големите соларни системи, RM цевките представуваат револуција во начинот на монтажата. Спојувањето се врши со press машини на висок притисок кое оди брзо и елегантно. Во зависност од употребата се користат со соодветни дихтунзи.

Големини: од ½ цол до 3 цола.

Материјал: галванизиран челик.